Проекти кои се реализираат во училиштето
Оваа учебна година во нашето училиште се реализираат проектите: Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем и Меѓуетничка интеграција во образованието, паралелно со училишните проектни активности.
Еко-училиште
Задачи Активности | Штедење на водата во училиштето после замената на славините и казанчињата во тоалетите и приклучувањето на техничка вода | Собирање стара хартија , пластични шишиња и нивно рециклирање | Истражување за влијанието на новата делница од автопатот врз околината | Ученичко родителски еко-пикник (здрава храна, игри без граници, однесување во природа) и др. |
Реализатори | Еко одбор | Еко одбор | Еко одбор | Еко одбор |
МИО
Како нова и посебна проектна активност е секако и проектот за меѓуетничка интеграција во образованието. Училиштето со кое соработуваме е училиштето во с. Калково.





Останати проекти
Покрај погореспомнатите проекти, во нашето училиште се реализираат и голем број на часови и воннаставни активности во кои се опфатени:
- примена на ИКТ во наставата,
- Toolkid,
- Програмата за образование за животни вештини,
- Математика со размислување,
- Формативно и сумативно оценување,
- Водење на Е-дневник во наставата,
- Користење на информационен систем за управување со образованието (ЕСАРУ),
- Edubuntu во наставата,
- Intel class во одделенска настава,
- G- compris во одделенска настава.