Настава

ООУ„Климент Охридски“ Миравци својата дејност ја остварува согласно Законот за основно образование, Подзаконски и интерни акти, Наставните планови и програми за основно деветгодишно образование, Статутот на училиштето, Програмата за развој на училиштето и друго. Наставата во училиштето ја следат сите ученици од регионот на Миравци на возраст од 6 до 14 години.

Организација на задолжителна настава

Наставата во нашето училиште се реализира во една смена, како во централното, така и во подрачните училишта. Часовите започнуваат во 08:00 часот, а завршуваат во 13:25 минути. Во овој временски период се реализираат сите часови од задолжителна настава, воннаставни и други активности и обврски.

Изборна настава

Овој вид на настава се реализира од 4–9 одделение. Изборот на изборниот предмет го прават родителите и учениците по пат на анкета. На учениците им се нудат сите изборни предмети согласно наставниот план. При изборот на изборниот предмет се запазува правилото секоја година ученикот да изучува различен изборен предмет. Оваа учебна година изборот по одделенија е следниот:

  • 4 и 5 одделение – творештво
  • 6 одделение – запознавање на религиите
  • 7 одделение – воспитание за околината
  • 8 одделение – унапредување на здравјето
  • 9 одделение – вештини на живеење

Дополнителна настава

Определувањето на кои ученици, по кои наставни предмети и во колкав обем ќе посетуваат дополнителна настава го врши наставникот, наставникот се консултира со педагогот, а потврдува и задолжува Наставничкиот совет. Одлуката на наставникот се темели врз редовното следење на работата и активноста на ученикот, нивото на совладаност на знаењата, како и сознанијата за можностите на ученикот. За ова секако се известуваат и одделенските раководители и родителите. Редовноста и постигањата на часовите од дополнителна настава се бележат на посебно место за тоа во одделенскиот дневник. За овој вид настава секој наставник има посебна програма за работа.

Додатна настава

Во училиштето имаме извесен број на ученици кои имаат високо развиени интелектуални способности, трудољубиви се и со силна волја за учење повеќе од задолжителното. Овие ученици се детектираат од страна на наставникот, за нив наставникот се консултира со педагогот, а се известува Наставничкиот совет. За ова секако се известуваат и одделенските раководители и родителите. За овој вид настава секој наставник има посебна програма за работа. Од овие ученици, по пат на училишни натпревари, наставникот ги определува учениците кои ќе учествуваат на општински, регионални и други натпревари. Во последните години, нашето училиште редовно и успешно учествува особено на натпреварите по: библиотекарство, математика, спорт, странски јазици, сообраќај , разни литературни конкурси и др.